You need to sign in or sign up before continuing.

A review by sakamknigi
Sleepers by Lorenzo Carcaterra

4.0

Статијата на www.sakamknigi.mk страшно ми го привлече вниманието уште со првото читање, па морав веднаш да земам и да ја прочитам оваа книга. Неверојатно тажно, трогателно и шокантно како што пишува во самата статија. Книгава ме потсетува на неколку книги со мафии, само што акцентот овде дефинитивно е ставен на пријателството и тоа е она што ја прави посебна. Од друга страна, за разлика од тие книги, овде станува збор за невини деца (велам невини затоа што грешката која ги чинеше толку скапо требаше да биде само детска будалаштина, а не злосторство), па тоа што се работи за деца ја прави приказната уште потажна и подраматична. Да не им се случеше тоа што им се случи, четворицата пријатели најверојатно ќе беа дел од ретките фини и нормални деца во соседството Хелс Кичн, но Домот за деликвенти тотално им ги смени и уништи животот на начин кој не може да не ти го раскине срцето.

Од мене една силна 4ка само затоа што се работи за true crime и тоа се гледа во стилот на пишување. Да беше во рацете на некој од трилер мајсторите, оваа книга ќе беше напишана уште понапнато и понеизвесно.