A review by vlide
The Half Brother by Lars Saabye Christensen

5.0

Што да речам а да не испадне клише... Кога ја зедов по препорака, првото и единствено нешто што ме одвратуваше да ја започнам е нејзината преобемност. Но испадна оноа исто што го забележав кај Штајнбековата „Источно од рајот“. На еден ненаметлив начин, фабулата полека се отплеткува и ноншалантно навлегува во умот, за да после тешко може да биде исфрлена. „Проблемот“ со сите тие coming of age книги е секаде таков. Ја читаш за да осознаеш нешто повеќе за туѓото созревање, за на крај самиот да се почувствуваш “повисок“ за една педа.
Наративот е релативно лесен но длабок. Нешто како што Торнаторе би ја режирал „Источно од рајот“ на Штајнбек. Приказна за злосреќните случки на двајца браќа, едниот роден по чиста случајност, додека другиот (протагонистот) со физичка аномалија на џуџе и его на слон како се обидува да го отсонува својот сон да биде конечно забележан меѓу светот.
Топла препорака од мене.