You need to sign in or sign up before continuing.
Take a photo of a barcode or cover
Стилот на Фицек ме потсетува повеќе на Американските трилер писатели, отколку на европските. Концизен и детален кога треба, без непотребни информации и без цели глави наменети да пополнат страници.
Приказната ми беше интересна речиси до самиот крај, идејата здрав човек да се „шмугне“ во психијатарско одделени со идентитет на друг пациент само за да се доближи до човекот за кој верува дека е убиец на неговиот син многу ми се допадна. Да биде притисокот поголем мора да дејствува брзо.
Дејството е проткаено со мистерија, постапки на ликовите кои ќе ве замислат, акција и психологија.
Е, па зошто тогаш една ѕвезда помалку? (spoiler alert!) Затоа што идејата е земена од Shutter Island (книга издадена пред оваа) и чиј крај е многу поинтересен од Пациентот.
Исто така во споредба со деталната нарација на настаните и постапките на ликовите во текот на целата книга, на крајот како да му се смачило и дејството од тој аспект е скратено и раскажано со скокање, во смисла ликовите доаѓаат од точка А до точка Б без тоа да се раскаже како.