jokoc 's review for:

Ејми ја нема by Gillian Flynn
4.0

Good read.

Џилијан Флин одлично ја завршува својата работа како раскажувач, давајќи ни ги двете страни од приказната за исчезнатата Ејми (на сопругот Ник и исчезнатата Ејми). Вешто ги "сервира" одредени информации и детали на кои подоцна се навраќа и се клучни во приказната.
Добро навлегува во психологијата на двата главни лика и промените кои произлегуваат од настанатата ситуација.

КОН ПРЕВОДОТ: Се прашувам дали некогаш скопските преведувачи и лектори ќе научат правилно да го користат глаголот "зема" во минато свршено време и кога ќе престанат да "сипаат" течности.
Исто така на одредени места (пр. блок од 3-4 страни) има доста печатни грешки.