A review by alex34
Narrow Road to the Interior: And Other Writings by Matsuo Bashō

5.0

Мацуо Башо е хаику-мајсторот на јапонското поднебје! Книга што вреди да се прочита, барем неколку пати. Сигурна сум дека дел од хаику-песничките остануваат со и во нас и после читањето. Интересното нешто е тоа што можеме тихо да си ги повторуваме, речиси како мантра. Песните на Башо се вжештени Сонца коишто не' облеваат после долгите, исцрпувачки денови поминати во мракот. Не само што е одличен познавач на човековата психологија, туку и се фокусира врз историските, книжевните движења на Јапонија и околните држави. Сето тоа суптилно прикажано низ доживувањето на природноста - шизен и леснотијата - каруми, прочуени карактеристики на древните јапонски вредности.