You need to sign in or sign up before continuing.

sakamknigi 's review for:

Heartsick by Chelsea Cain
3.0

Портлантскиот детектив Арчи Шеридан троши десет години од својот живот за да ја најде Гречен Ловел, прекрасна жена сериски убиец, но на крајот таа е онаа која го фаќа него.

Овој дел од книгата се случува пред две години, Гречен го киднапира Арчи и го мачи цели десет дена, но наместо да го убие, таа мистериозно одлучува да го остави да живее и целосно да го ослободи.

Самата се пријавува во полиција за своите стотици убиства и сега, после две години, Гречен е затворена во затвор, доживотно, додека Арчи е во друг тип на затвор - зависен од апчиња, неспособен да му се врати на својот стар живот, немоќен да ги извади тие десет дена од својата глава.

Жена му на Арчи, која веќе не живее со него, вели дека тој е сосема нова личност (најверојатно не во позитивна смисла) и тој мора да се согласи дека таа е во право.

Зошто? Во текот на целата книга се провлекува една чудна работа како за жртва на ваков ужасен настан: Арчи упорно продолжува да ја посетува Гречен во затвор еднаш неделно, велејќи дека тој е единствениот кој може да ја натера таа да им признае и открие каде ги скрила телата на нејзините останати жртви. Но дури и тој самиот ја знае вистината, дека не ја посетува својата мачителка затоа што бара признание и вистина, туку затоа што не може да се држи понастрана од неа.

Кога друг сериски убиец почнува да собира млади девојчиња, тинејџерки, од улиците на Портланд, Арчи мора да се прибере доволно за да води нова истрага за убиствата. Паралелно, една млада гладна новинарка, Сузан, почнува да работи на негов профил и пишува за истрагата и тука се раѓа новата смртоносна искра помеѓу Арчи, Сузан, новиот убиец, па дури и Гречен. Тие мораат да го фатат убиецот, па можеби дури и Арчи ќе успее да се ослободи од Гречен, еднаш и засекогаш.

Книгата не е лоша, особено како за деби книга на авторот, па би рекла дека ја оценувам со 3.5/5.